Поголемиот број луѓе би сакале да имаат навика да вежбаат наутро пред работа. Еден Германец нашол начин да ги спои тие две работи, па сега секое утро плива до работа. Лаптопот, паричникот и облеката ги носи во водоотпорна чанта.
За време на последните две години Бенџамин Дејвид (40) избегнува стрес во сообраќајот така што блика скоро два километри до работа во реката Исар во Минхен.
Јас не сум светес. Кога се возам со велосипед викам по другите возачи, а кога пешачам викам на велосипедистите и така натаму. Меѓутоа, кога пливате тоа е целосно опуштено и освежувачки – вели тој.
Првин рекле дека личи на актерот Дејвид Хаселхоф од серијата „Чувари на плажата“, но тогаш се исправил, пренесува „Дејли мејл“.
Мислам дека не изгледам како него, но со мојата чанта… Мислам дека ме разбирате – рекол тој.
Секое утро Дејвид својот компјутер, одело, обувки и мобилен става во својата портокалова чанта. Таа е дизајнирана во Швајцарија каде пливањето до работа често.
Знаејќи ги опасностите кои важат за пливањето во реки, Дејвид редовно ја проверува температурата на реката пред нуркање.
Loading...