Ако некогаш сте се запрашале како вработените на аеродромите постапуваат со вашиот багаж додека го внесуваат во авион или го изнесуваат од истиот, оваа снимка е најдобар одговор на тоа прашање.
Видеото е направено на аеродромот на Флорида и на него јасно се гледа како вработените го фрлаат багажот, не грижејќи се притоа дали нешто ќе се искрши. Два часа по објавувањето на снимката мажите се отпуштени.
Безбедноста, сигурноста и одличната услуга на нашите муштерии е наша мисија на Меѓународниот аеродром Орландо, а овој инцидент не е пример на нивото кое се трудиме да го одржиме. Вработените затоа добија отказ – пишувало во соопштението од управата на аеродромот.
Loading...