Крадците кои влегле во куќата на фудбалерот Џон Тери од неа излегле со плен вреден половина милион евра.
Од вилата украле дизајнерски ташнички и накит, а дека куќата е празна знаеле затоа што поранешниот капитен на англиската репрезентација на Инстаграм се пофалил како ужива со семејството на скијање во Швајцарија.
https://www.instagram.com/p/BV28NA2A5rB/
Loading...
Сегашниот капитен на Астон Вила, како и многу други познати и „обични“ луѓе сакал да се пофали со убавите моменти кои ги минува со сопругата на Алпите, но можел да претпостави дека помеѓу неговите 3,4 милиони фанови на Инстаграм има и такви кои со задоволство би го ограбиле.
Крадците влегле во неговата вила, а потоа со часови крадците прегледувале низ неговите работи. Покрај скапоцениот накит, украле и потпишано прво издание на Хари Потер вредно околу 20.000 евра.
Кражбата се случила во февруари годинава, а британските медиуми сега дознале за тоа, затоа што во меѓувреме се приведени крадците, а овие денови започнало и судењето. Бандата, само следејќи Инстаграм, покрај фудбалерот ограбила и низа други богати лица.
https://www.instagram.com/p/BQ_Sk3tAM5F/
Во секој случај, извлечете поука и внимавајте што и кога објавувате, затоа што никогаш не можете да знаете кој ќе го види тоа и ќе препознае одредена лоша намера.