Неколку локации во Куманово денеска во текот на денот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 08:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во: Гоце Делчев, Вера Которка, Орашац, Доброшане и Шупли Камен.
Во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата: Пелинце, Гулиновац, Муталово, Никуљане, Челопек и Коинце.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.
Loading...