Миодраг Тодоровиќ останува во редовите на Кошаркарскиот клуб Куманово, а денеска и официјално го потпишал својот договор.
Тодоровиќ има 20 години, потекнува од Куманово, но живее од Скопје. Долго време тренира кошарка, а претходната сезона од најмладиот состав на клубот имаше најголема минутажа на теренот која одлично ја искористи.
Тодоровиќ и годинава заедно со останатиот помлад состав ќе биде на располагање на тренерот Игор Михајловски.