Сува трева горела во Шупли Камен и Проевце

Сподели со своите пријатели

Две интервенции бележат во текот на изминатото деноноќие кумановските пожарникари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Вчера околу 07:30 часот пожарникарите добиле пријава дека гори запалена сува трева во атарот на селото Проевце, кај м.в. Кисела вода. Веднаш на терен излегле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и интервенирале до 08:05 часот.

Втората интервенција ја бележат во атарот на селото Шупли Камен каде исто така се запалила сува трева, каде и претходниот ден имаше пожар. Истиот повторно се активирал, а екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирале во период од 10:30 до 20:00 часот со едно противпожарно возило и петмина пожарникари. Засега нема податоци колкава површина е опожарена од пламените јазици.