Изложбата „Скулптури на новото време“ вечерва во Куманово

Сподели со своите пријатели

со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната биенална изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2017“. Изложбата е во организација и координација на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово а е финансиски поддржана од страна на Министерството за култура на Република Македонија.

Деветтото издание на биеналната изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2017“ претставува продолжување на започнатата мисија на претставување на автори и дела коишто опстојуваат на македонската ликовна сцена. Оваа година учество зедоа 21 автор

Насочени кон развивањето на своите идеи, скулпторите се обидуваат да внесат нови моменти во своето тродимензионално креирање притоа не напуштајќи го основниот концепт, па оттука и континуитетот со претходниот материјал е повеќе од евидентен. Во најголемиот дел од материјалот којшто е понуден е применет класичниот скулпторски пристап на изработка на скулптура со мануелна интервенција во некој материјал (дрво, метал и сл.) со авторско видување во насока на асоцијативна фигурација или апстрактно-геометризирана форма. Дел од авторите настапуваат со концептуален приод користејќи готови предмети како објекти поставени во определен контекст, со намера да предизвикаат некаква реакција кај консументот – емотивна или интерактивна. Д

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 10 август 2017 г.