Иницијативата „Спас за Козјачијата“ ќе ја добие поддршката на локалниот огранок на Левица од Куманово во нивната одлучност да се изборат против отворањето на рудникот Петрошница во атарот на општината Старо Нагоричане.
Партијата денеска преку прес конференција јавно ја даде поддршката на оваа иницијатива, затоа што според нив здравјето и животот на луѓето се поважни од профитот на домашните или странски компании.
Рудникот така како што е замислен би претставувал рудник од тип Г1 тешка загадувачка индустрија и би бил со отворен коп што значи дека при неговото работење неколку тони експлозив дневно ќе се активираат врз почвата во Бајловце при што ќе се ослободи прашина полна со отрови која ветерот ќе ја носи во нашите домови. Потоа при процесот на лужење ќе се користи цијанид и сулфурна киселина кои претставуваат тешки отрови и предизвикуваат малигдни заболувања кај населението. Исто така постои опасност јаловината која претставува коктел од најразлични отрови, при што најважни се сулфурна киселина и цијанид постои опасност да се излее во река Петрошница, па преку Пчиња и Вардар да отиде во Егејското Море и повеќе од 400 километри да бидат засекогаш изгубени – изјави Никола Крстевски од Левица Куманово.
Другата опасност според Крстевски доаѓа и врз културно-историските знаменитости во оваа општина, со оглед дека Козјачијата е трусно подрачје.
Левица потполно застанува зад борбата против овој рудник, меѓутоа немаме апсолутно намера да го партизираме граѓанското движење, напротив, затоа што нивната автентичност се познава. Ние како партија ќе делуваме независно од граѓанското движење со сите расположливи средства да допринесеме во процесот на стопирање да се отвори овој рудник. Ги повикуваме сите граѓани да се активираат, да се вклучат во граѓанското движење, независно дали припаѓаат на некоја политичка партија, затоа што тука се работи за нашиот живот, здравје и животна средина – додава Крстевски.
Според активистите на граѓанската иницијатива „Спас за Козјачијата“ концесијата за геолошките истражувања завршува во јануари следната година, а според нивните информации се очекува инвеститорот да побара и концесија за ископување на минреалните суровини со оглед дека засега се откриени одредени количини злато на површина од над 3.000 километри.
Многу голем дел од граѓаните не се информирани дека во Службен весник број 146 од 2014 година се доделени 86 концесии. Некој потпишал 86 концесии. тоа се рудници од Гевгелија до Старо Нагоричино, некој најверојатно без многу да рамзислува решил на брз начин да ја скрои судбината на половина Македонија. Ние сме фрапирани од таквото дејство, со поддршка на другите граѓански иницијативи се охрабривме и решивме да го кренеме и ние гласот на граѓаните н Старо Нагоричино, на граѓаните на Куманово дека за човечкиот живот нема цена, поради тоа за вакви прашања, Г1 тешка и загадувачка индустрија, не може некој од горе да решава, не може ниту централната ниту локалната власт да донесе одлука да отвори огромен рудник кој ќе предизвика зголемување на сериозни заболувања – изјави Драгана Стефановска од граѓанското движење „Спас за Козјачијата“.

