Улицата „Руѓер Бошковиќ“ доби асфалт (фото)

Сподели со своите пријатели

Улицата „Руѓер Бошковиќ“ лоцирана во населбата Перо Чичо денеска доби асфалтна подлога во должина од 280 метри. 

 

 

Увид во активностите на терен напраив и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски кој истакна дека по многу петиции конечно се решава овој проблем на граѓаните.

Ова е завршна фаза, имавме многу петиции, примедби од граѓаните, затоа што има големи и убаво направени куќи, а немаше инфраструктура, денеска тоа го завршуваме, заобиколуваме еден поголем процент на инфраструктура во населбата Перо Чичо и на некој начин ги ублаживме комуналните проблеми. Паралелно во изминатите неколку дена завршивме друга лента на „Октомвриска револуција“, затоа што знаете имаше пропаѓање, слегнување од поставување на подземна атмосферска и канализациона мрежа од главниот колектор бидејќи имавме примедби од сообраќајното оделение на МВР, а за небезбедно возење направивме комплетна реконструкција на површина од 2.000 квадратни метри – вели Дамјановски.

Паралелно се работи и на улицата „Правда Спасовка“ и „Веселин Вујовски“ кои ќе бидат затворени и асфалтирани.

На некој начин ги остваруваме заложбите на развојната програма на локалната самоуправа за 2017та година. На некој начин ова е најдобар отчет пред граѓаните за тоа какви се реализациите – вели Дамјановски.

Од улицата „Руѓер Бошковиќ“ останува уште еден мал дел кој поради имотно правни односи се уште не е завршен, но како што потенцирше градоначалникот се прават напори проблемот да биде решен и оваа улица да се поврзе со главната улица во населбата Перо Чичо.