Застрашувачки снимки од уништената нуклеарка во Фукушима (видео)

Сподели со своите пријатели

Специјален подводен робот снимил застрашувачки фотографии од уништената нуклеарна електрана Фукушима.

На снимката се гледа истопеното нуклеарно гориво во разорената јапонска нуклеарка.

Loading...

Огромни количини на скаменето гориво кое потсетува на лава откриени се под реакторот во централата која во 2011 година ја погодија разорен земјотрес и цунами предизвикувајќи ја најголемата светска нуклеарна катастрофа по Чернобил.

Длеови од оштетени рекатори се уште носат опасност, поради што во отстранувањето на радиоактивниот материјал се користат роботи.

Скаменетите објекти се мешавина од истопени метали и гориво – вели портпаролот кој управува со Фукушима.

Лоцирањето на остатоците од нуклеарното гориво во оштетените реактови е многу важно за деконтаминацијата која би можела да потрае и со децении.