Пожар во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“

Сподели со своите пријатели

Пожар вчера избувнал во просторија од подрачното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот зафатил дел од просторијата на училиштето, а петмина пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 13:15 до 14:25 часот при што успеале да го изгаснат огнот.

Причината за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета засега не се познати.

 

Loading...