Северна Кореја се соочува со најголемата суша во последните 16 години која го загрозува производството на храна, предупредуваат Обединетите нации.
Во извештајот на ООН се наведува дека поради сушата загрозено е производството на храна во Северна Кореја, чии власти се приморани на итен увоз на намирници.
Се стравува дека последиците ќе бидат најтешки врз најслабото население, меѓу кои жени и деца.
Северна Кореја во 1990 година ја погоди глад и од тој момент се ослонува на меѓународна помош во храна.
Поддршката, меѓутоа, драстично е намалена во последните неколку години поради меѓународните санкции против Северна Кореја поради нуклеарната програма, како и поради реакциите кои тамошните власти ги воведоа како одговор против хуманитарните организации кои ги сметаат за шпиони.