Тара Квигли во 2013 година била жртва на брутален напад на целосно непознато момче од 15 години, кој без причина и фрлил киселина во лицето.
Тој несреќен ден, некој и тропнал на вратата, а кога отворила видела тинејџер, кој тогаш имал само 15 години, а кој без објаснување и фрлил течност во лицето од кое кожата започнала да и „врие“.
Мачењето кое за време на оздравувањето го преживеала не знае да го објасни, а за „Sky News“ признала дека и ден денес, четири години по нападот чувствува страв да излезе од дома.
Тој ден некој тропна на вратата и кога отворив видов момче кое праша дали тука живее Мишел, а кога одговорив негативно тој си замина. меѓутоа набргу пак слушнав тропње отворив, без зборови истото момче ми фрли течност и веднаш знаев дека е во прашање киселина бидејќи болката беше неподнослива. Единствено што знаев е дека морам да дојдам до вода – раскажува таа.
https://www.facebook.com/skynews/videos/1841489139199008/
Loading...
Во годините кои доаѓале Тара имала многу операции за да нејзината кожа може нормално да функционира, но таа и натаму има кошмари и психички проблеми поради ужасот кој го преживеала.
Повеќе не излегувам надвор, само ако морам. Сакам да одам некаде на одмор, каде ќе бидам сама. Буквално постојано се вртам околу себе и чувствувам константен страв кога не сум дома, но се борам со тоа – признава таа.
Тинејџерот кој ја осакатил Тара е осуден поради оваа злодело на осум години и три месеци затвор за малолетници, но откако станал полнолетен во меѓувреме, префлен е во затвор за возрасни.
https://youtu.be/tYLVa1kw_qI