Изминатата недела во село Кокино се одржа младински летен едукативен камп на кој присуствуваа 40 волонтерри од Општинската организација на Црвениот крст од Кумнаово, Велес, Кочани, Крива Паланка и Карпош.

Кампот имаше за цел надргадба на волонтерски капацитети преку едукативни работилници за ХИВ сида, комуникациски вештини тим и тимска работа, мотивација и говорништво.

Воедно волонтерите преку евалуација на предходната сезона 2016-2017 ги споделија искуствата од спроведените акции и преку научени лекции во иднина ќе знаат правовремено и поефикасно да дејтвуваат во исти или слични ситуации.


