Министерот за животна средина и просторно планирање заедно со градоначалниците на Североисточниот плански регион денеска во просториите на кружната сала на поранешен Комитет потпишаа меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Комисија на европските заедници за постапките за спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Македонија, а во рамки на проектот ИПА 2.
Проектите опфаќаат наабвака на опрема транспорт на отпад во североисточниот регион, затворање на непрописните диви депонии, ѓубришта во регионот, изградба на централна депонија во источниот и североисточниот регион.
Активностите ќе придонесат за подобрување на стандардите со управување со отпадот во североисточниот регион, решавање на проблемите со несоодветното одлагање на отапдот на општинските и основните диви депонии кои треба итно да се затворат или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон – изјави Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање.

Проектот ќе се реализира во три фази, а потпишувањето на меморандумот е пристапување кон самиот договор.
Ние сме пред потпишување на договор меѓутоа заклучивме заедно со министерот дека третата фаза од имплементација на самиот договор и дел од втората фаза е дел кој треба да добиеме согласност од нашите Совети за потпишување за тој договор како договор за понатамошна меѓуопштинска соработка бидејќи тој договор и изградба на тие системи во наредниот период носат некои процеси кои ќе значат и финансиска потреба за зголемување на цената на сметот во наредните неколку години, за изградба на претоварни станици на некои локации кои исто така треба да ги лоцираме и да ги одобриме и затоа направивме меморандум до потпишување на договор со цел да добиеме согласност од советите на општините и во дебата со невладините организации и месните заедници да ја образложиме потребата од потпишување на овој договор и изградба на регионалниот систем за управување со цврст отпад кој мора да биде постигнат и изграден – изјави Зоран Дамјановски, граодначалник на Општина Куманово.

Како што потенцираше Дамјановски неимплементирањето на договорот може да носи и буџетски последици за општините, па затоа ќе се пристапи внимателно и првин ќе се разговара со граѓаните и невладините организации.
Сега сме во фаза на инфраструктурни проекти , овој меморандум ќе се однесува на продолжување на постапката за пет наредни проекти кои што ќе опфатат, набавка на возила и контејнери за овие два региона, затварање на нестандардните депонии во овие два региони, тука спаѓаат проекти кои се однесуваат на надзор на реализираењто на овие проекти и последниот проект е формирањето на регионалната депонија на овие два региона – изјави Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за управување со отпад во министерство за животна средина и просторно планирање.
СИПР заедно со источниот регион ќе бидат предводници во државата на модерно современо и според европкси стандарди управување со отпад, тоа ќе биде еден целосен еколошки современ начин каде што собирањето на отпадот , преработката, селектирањето , понатамошните управувања со отпадот ќе се одвива според најсовремени европски директиви и со тоа ќе придонесеме и за заштитата на животната средина и за унапредување на здравјето и чистиот воздух – изјави Атина Мургашанска, СИПР

