СВР Куманово од денес ќе работи во две смени

Сподели со своите пријатели

Секторите за внатрешни работи Куманово, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Тетово и Штип од денес па заклучно со 31.08.2017 година ќе работат во две смени, односно со работно време од 08:30 до 20:00 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Воедно од таму известуваат дека поради зголемениот обем на работа, а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои имаат поднесени барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи, податокот за проверка на прекршочна санкција „забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици од Одделот за граѓански работи и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од Министерството.