Преку 20 години Лоренс Ендик, земјоделец од Кенија живеел на работ на сиромаштијата и се борел со секојдневните проблеми од африканските земји, како што е гладот и недостатокот на вода. Сепак, благодарение на козите дошол до вистинско богатство.
Отако минал низ програмата „Фарм Африка“ добил неколку кози и јариња, за да започне одгледување, а неговото богатство започнало да се зголемува, па овој човек годишно заработува милиони кениски шилинга, благодарение на домашните животни.
Тогаш добивме кози само за да преживееме, а денес заработувам прилично добро. Имам шест деца и благодарение на козите успеав сите да ги школувам и да им купам неколку парчиња земја. Тоа ми донесе вистинско богатсво – вели Ендик.
Оваа година, само по Божиќ успеал да продаде 75 кози и да заработи над1,5 милиони шилинга, односно околу 15.000 долари, што е вредно богатсво во неговото општество.
Како што вели, тајната е во посветеноста кон работата која ја имате, а во неговиот случај константното учење, прилагодување на домашните животни и истражување на нивните потреби, за да тие бидат квалитетен производ на пазарот. А со оглед дека се занимава со земјоделство, неговите кози добиваат најевтина храна и се од поценетите на пазарот во Кенија.
Loading...