Општина Куманово направи измена и дополнување на годишниот план за вработување, при што ќе бидат вработени вкупно 34 лица.
Вработувањата кои во изминатиот период ги спроведуваше локалната самоуправа беа преку Агенцијата за привремени вработувања за да може да се извршуваат работните обврски кои произлегуваат од децентрализацијата.
Знаете дека и тоа веќе претходно го зборувавме, дека пречка за вработувањата не беа само изборите кои во текот на година и половина , секоја втора година да кажеме има избори, туку тука беше пречка и донесување на законот за административни службеници па потоа утврдување на методологијата каде што требаше пропорционалниот број да се намтне за вработување на лица по националност. Тоа е позитивна на некој дискриминација каде што се утврдува бројот на вработени по националност согласно последниот попис од 2002 година. што се однесува до последното проширување се однесува на вработувања каде што имаме најава и имаме одлив на кадри , а тоа е по однос на некои луѓе што отидоа на повисоки функции и на луѓе кои си најдоа на друго место работа така што го напуштија работното место во општината. Во моментот општина Куманово баш денеска има распишано, ги има испратено документите за 34 вработувања од кои имаме согласно балансерот, 9 Албанци, 4 Роми и остатокот се Македонци. Од понеделни ќе видиме уште кои вработувања ќе можеме да ги реализираме , баш заради тоа што сега го имаме овој период до петти август до распишувањето на локалните избори , да може барем општина куманово колку толку да може да ги задоволи потребите за вршење на основните функции на општина Куманово – изјави Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.
Лицата ќе бидат примени на неопределено време, а позициите за раководните места не може да се распишат затоа што во законот е вметнато дека лицата треба да имаат положено испити за административно управување.
Административно управување значи примена на овој дел е од февруари, а сепак министерсвото за информатичко општество се уште ги нема спремено материјалите и начинот на кој треба тој испит да се полага. Значи државните службеници , административните службеници кои сакаат да бидат на раководни позиции нема да можат поради тоа што не ги исполнуваат условите а кои не се по нивна вина туку по вина на законската обврска која до крај не е испочитувана. Значи мора да потенцираме дека општината се состои од административни службеници и од службеници кои се вработени по основ на работен однос тоа се други вработувања каде што се шофери, хигиеничари, кафе кувари – додава Алексовска.
Инаку моментално во Општина Куманово има вработено околу 200 лица.
фото: архива

