По фантастичниот настап на Катарина Грујиќ од минатиот викенд, менаџерскиот тим на Summer Club Space ни подготвува нова интересна и забавна агенда.
Овој викенд во сабота на 8ми јули ексклузивен настап со најдобриот бербер меѓу пејачите, но и најдобар пејач меѓу берберите – Жаре Бербер и 18+ Бенд. Одличен избор на музика во живо и забава до раните утрински часови. Влезот е 100 денари, а забавата е загарантирана.
Но, тоа не е се. Во Summer Club Space викендот започнува во петок. Хип-хоп и најдобарата музика од Балканот ќе бидат на репертоарот на Dj OLLIE, а на менито на клубот секогаш најдобрите пијалоци.
Во недела по обичај викенд агендата ќе ја затвори DJ ZDRAVKO со најдобриот микс на македонска и екс-ју музика.
За сите подетални информации, но и за резервација на време, контактирајте го менаџерот на клубот Филип Атанасов 078967751.