ОК ВМРО-ДПМНЕ: Поединечни делови на Куманово повторно се без капка вода

Сподели со своите пријатели

Драган Петковски, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на денешната прес конференција упати критика до локалната власт дека Куманово повторно се соочува со проблеми со водоснабдувањето.

После  48 часа од алармирањето, поединечни делови на Куманово повторно се без капка вода, а другиот дел од градот е со значително намален притисок. Срамно е за 27 години да не се изгради стабилна водоснабдителна инфраструктура. Сеуште пиеме вода од цевки кои се поставени речиси пред 1 век и кои се под знак прашање за бактериолошката безбедност на водата.  Европското Куманово на градоначалникот е оставено со години да тоне и без елементарни услови за живот. Се сменија повеќе директори на јавните претпријатија, но залудно. Зад нив освен се повеќе и повеќе превработеност, се повеќе и повеќе задолжувања, нема ниту една инвестиција и проект кој би бил за доброто на градот. Се оди дури до таму да за да се покријат долговите, се става под хипотека имотот на граѓаните – вели Петковски.

Петковски вели дека граѓаните на ја плаќаат најскапата вода во државата, туку нерационалното работење на градоначалникот Зоран Дамјановски и директорите на јавните претпријатија.

Ситуацијата во населбите и во централното градско подрачје е иста, секојдневно пукаат цевки, а граѓаните и фирмите не се во можност да ги извршуваат своите обврски. Една од причините за недостиг на вода е и урбаната мафија на СДС и Дамјановски, односно непланското градење згради, a дотраениот систем за водоснабдување очигледно не е предвиден за вакво дополнително оптоварување. Без вода се оставени, градинките, здравствените установи, пензионерските домови.  Се случува да иако се претпријатијата превработени, нема доволно кадри да испратат на терен, и се чека подолго време да се започне со санирање на дефектите. Се случува да и граѓаните сами се вклучат во санирање заедно со службите кои едвај доаѓаат, само побрзо да се реши проблемот – додава Петковски.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека градоначалникот мора да поднесе морлана одговорност пред граѓаните.

фото: архива