Марјан Србиновски на чело на КК Гостивар, преговори и со Јанески?

Сподели со своите пријатели

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација и тренерот кој Кошаркарскиот клуб Куманово го предводеше во финалето на Балканската лига, сезонава ќе седне како прв човек на клупата на КК Гостивар.

Информацијата засега не ја потврдуваат од клубот, меѓутоа се посилни се шпекулациите дека Србиновски ќе се врати во родниот крај и ќе го предводи клубот кој во оваа сезона влегува со големи амбиции.

Според информации од кошаркарските кругови, КК Гостивар е во активни преговори и со репрезентативецот Марјан Јанески кој по заминувањето на Александар Костоски стана капитен на КК Куманово каде играше изминатите пет години.

 

Loading...

 

Од минатогодишните играчи на Куманово, американскиот плејмејкер замина во Атланта.

Неколку играчи веќе потпишаа за МЗТ и Карпош Соколи, но во КК Куманово се уште молк на прашањето кој ќе го носи сино-белиот дрес претстојната сезона.