СВЕТСКО ПРВЕНСТВО: Морате да ја носите својата жена или да ја позајмите од соседот

Сподели со своите пријатели

Финците Таисто Миетинен и Кристина Хапанен го освоија првото место на бизарното светско првенство во носење жени во Финска, победувајќи ги противниците за две секунди.

Американците Миша Фрејстетер и Рие Такано се на второто место во оваа трка одржана викендов во Сонкајарвиј, додека третото место им припадна исто така на ФИнците.

Светскотопрвенство за носење жени се одржува секоја година во овој град, кој се наоѓа околу 500 километри северно од Хелсинки и е традиција од 1992 година.

Натпреварувачите мораат да совладаат патека долга 253,5 метри на која има поставено неколку пречки, меѓу кои и водена препрека длабока еден метар.

Како што велат правилата, можете да ја носите сопствената жена или да ја позајмите од соседот, а победува најбрзиот пар.