ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Тројца мртви во возило со кумановски таблички

Сподели со своите пријатели

Тројца загинаа, а дете е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва во 19.45 часот на регионалниот пат Штип-Велес кај местото викано „Црна точка“, при судар  на два „голфа“.

Во „голфот“ со кумановски таблици биле четворица лица од кои еден маж, две жени и едно дете. На самото место починал мажот и една жена додека другата жена е префрлена во Медицинскиот центар во Велес, каде починала. Детето е префрлено во Ургентен центар –Скопје.

Допрва ќе се утврдува идентитетот на починатите.

Сообраќајот од 20.15 часот е во прекин и во двата правца.