Дваесет и тригодишниот американски плејмејкер кој изминатата сезона го носеше дресот на Кошаркарскиот клуб Куманово летово започнува да игра во професионалната кошаркарска лига на Атланта, а информацијата ни ја потврди и тој самиот.
Браун во изминатата сезона пристигна од Кипар, по препорака на поранешниот играч на Куманово, Вукашин Мандиќ, а требаше да биде замена за репрезентативецот Александар Костоски кој замина да игра во романскиот прволигаш Питеши.
Во дресот на Куманово, Браун играше во домашниот шампионат, но заедно со своите колеги успеа да освои и сребрен медал од Балканската лига. Пристигна во Куманово како избраник од втората најдобра петорка во „Атлантик Сан“, откако во просек бележеше 18,6 поени во дресот на Кенесо Стејт.
Во 2015та година тој не ги помина НБА драфт квалификациите, по што се пресели во Никозија на Кипар. Сега Браун кариерата ја продолжува во Америка.
Во меѓувреме додека дел од домашните клубови веќе ги обновуваат договорите со играчите и најавуваат учества и на меѓународни лиги, од сино-белите засега ништо. Молк од управата, од како што дознаваме продолжува статус-кво ситуацијата.