Со комбе му влетале во дворот, па крвнички го претепале во Липково
On:
Сподели со своите пријатели
Вчеравечер околу 20.20 часот во Полициската станица од општа надлежност Куманово, Б.Ќ. (26) од селото Слупчане, кумановско, пријавил дека околу 16.20 часот, додека бил заедно со негови роднини пред семејната куќа на О.М. во селото Липково, со патничко возило и комбе дошле О.О., И.О., С.О., Ф.О. и М.О.
Како што информираат од полицијата, од возилото излегол С.О. и без причина го нападнал удирајќи го со тупаница и клоци и го легнал на земја. Во тој момент Ф.О. извадил пиштол и му се заканил на него и на другите присутни дека ќе ги убие, по што со пиштолот го удрил во пределот на главата.
Додека бил на земја И.О. со клоци го удирал по телото, по што напаѓачите со возилата заминале во непознат правец. Од страна на присутните Б.Ќ. бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била укажана лекарска помош.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.