Затворен патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради протест на странски државјани, патниот правец Крива Паланка-Куманово е во прекин од седум часот утринава, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Прекин на сообраќајот денска од 13 до 17 часот ќе има и на на патниот правец Маврово – Дебар на делот од селото Рајчица до Дебар. Како што информираат од ЈП Македонија пат, прекинот е поради изведување градежни работи, односно асфалтирање.