OK ВМРО-ДПМНЕ со контра реакција до Дамјановски

Сподели со своите пријатели

Откако прес конференција одржа Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово на кој обвини дека градоначалникот Зоран Дамјановски ништо не направил за индустриската зона ветена во село Речица, следуваше одговор од него дека истата е неисплатлива и дека треба многу вложувања, а има слаба заинтересираност.

Денеска со контра реакција на неговата реакција се јавија повторно од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Помина времето кога за вашето неработење и неспосбност баравте апсурдни изговори. Вашата неспособност и неработење во интерес на граѓаните, веќе нема да можете со било што да го правдате. Граѓаните очекуваат индустриска зона како што им ја ветивте, граѓаните очекуваат нови работни места, а не празни флоскули и изговори како што секогаш досега го правевте. За трите мандати не отворивте ниту една индуструиска зона, ниту една фабрика и ниту едно работно место во тие зони.

Градоначалник сте повеќе од 12 години со буџет на градот од над 30 милиони евра. Треба да дадете отчет пред граѓаните, каде се потрошени нивните пари и која е вистинската причина за нереализирање на капиталниот проект Индустриска зона РЕЧИЦА.

На толку голем буџет, од над 30 милиони евра, смешно е и потценувачки е, вашето правдањето дека немате средства за завршување на инфраструктурните и градежни работи кои се клучни за завршување на зоната и  привлекување на инвеститори.

Како одговорна општина, треба во соработка со новата влада на СДС, да работите на инфраструктурно опремување и на двете зони и на зоната во Речица и на предвидената зона во –Аџитепе, затоа што на празна ливада, никој нема да пројави интерес да инвестира.

Престанете да се занимавате со дневна политика и почнете да работите во интерес на граѓаните на град Куманово, затоа го имате добиено мандатот – стои во реакцијата на ДПМНЕ.