Дана Адива Вегас (25) има еден доста необичен проблем, односно проблем кој многумина би сакале да го имаат – таа смета дека е премногу убава.
Loading...
Имено, Дана учествувала во МТВ шоуто „True Life: I’m too beautiful“ во кое вели дека нејзината убавина животот и го претворила во пекол. Изјавила и дека поради убавината морала да се испише од училиште, затоа што за злоставувале, а имала и напади на паника.
Луѓето постојано гледаат во мене и тоа многу ме нервира. Секој ден сум несреќна поради замерувањата и љубомората од другите – вели Дана.
Додава дека отсекогаш имала проблеми со сестрата која е љубоморна на неа.
Поради мојата убавина секогаш беше во мојата сенка – вели таа.
Сепак, открива дека постојат и неколку предности во сето тоа.
Не морам да бидам паметна, затоа што сум убава и не мислам дека моето момче кое и да е некогаш ќе ме остави. Добивам се што посакам и сите ме третираат како принцеза – додава Дана.
Откако се отпишала од училиште, започнала професионално да се занимава со ‘рвање, што и е голема љубов.