Патници на авионот од компанијата „Ер Ејжа“ на летот од Перта за Куала Лампур преживеале 90 минути во страв поради силните турбуленции.
Loading...
Вкупно 359 патници безбедно слетале, а потоа истакнаа дека се чувствувале како да седат на машина за перење.
Многу плачев, многу луѓе околу плачеа, се јавив на семејството. Не можевме да направиме ништо, само верувавме на капетанот. Како да се случи мала експлозија на левото крило, авионот потоа започна да се тресе – вели Софи Николас.
Капетанот потоа упатил порака до патниците да се помолат за безбедно слетување.
Еве што се случува со фекалиите во авионските тоалети (видео)
Авионот потоа се вратил во перт, а патникот Брентон Еткинсон вели дека моторот на крилото се движел напред-назад.
Немаше повредени, за патниците се грижеше нашиот екипаж, а инжинерите го прегледуваат авионот. патниците се префрлени на првиот достапен лет – велат од компанијата.