Градоначалникот Дамјановски во посета на ИВЗ (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски денеска оствари посета на Исламската верска заедница во Куманово, каде заедно со советниците Фериз Дервиши и Ридван Рамадани го честиташе празникот Рамазан Бајрам.

Празникот симболизира солидарност кон сиромашните, толеранција и разбирање. Работевме во изминатите 10 години многу на подигање на граѓанската свест и кај едната и кај другата вероисповест, направивме граѓанско општество, кое се надевам дека ќе го надоградиме уште повеќе – изјави Дамјановски.

 

Дамјановски истакна дека со куановското муфтиство, локалната самоуправа има одлична соработка во градење соживот во Куманово.

Муфтијата Абедин Имери им се заблагодари на посетата, срдечно ги угости, а воедно на сите граѓани од исламската вероисповед им го честиташе празникот.