Девојка по име Анализ Мишлер од Калифорнија, во 2014 година била на чекор од смртта. Оболела од анорексија и имала само 27 килограми. Ја изгубила менструацијата, а заболела и од анемија и остеопороза.
Loading...
Три години подоцна таа е непрепознатлива, но борбата со килограмите и пореметувањето во исхраната се уште траат.
Во последно време, Инстаграм го преплавуваат фотографии од девојки кои биле полнички и успеале да изгубат голем број килограми, но Анализ се прославила со тоа што се здебелила. Како денес вели, во најлошите денови имала под 30 килограми и часови ја делеле од сигурна смрт. Иако била коски и кожа, себе си никогаш не си била доволно слаба.
Живеев во константно порекнување и безнадежност. Себе си никогаш не си изгледав доволно слабо – вели оваа девојка.
Денес нејзиниот изглед, но и целокупната здравствена состојба се значително подобри. Успеала скоро да довјно да ја зголеми масата, па денес има 50 килограми, но како вели, најзначајната промена се десила во нејзината психа. Сфатила дека анорексијата е болест и дека остава последици долго време зад себе.