Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово на денешната прес конференција упати потестување до градоначалникот Зоран Дамјановски дека градскиот кеј е со години неисчистен и демолиран, при што постои опасност по безбедноста на граѓаните.
Од генералната ситуацијата по градот, може да констатираме дека градоначалникот подолго време нема излезено од своето луксузно возило и нема прошетано низ Куманово. Ситуацијата во градот со години е аларманта, во поглед на функционирањето на јавните претпријатија и сервисирање на редовните обврски кои ги имаат кон граѓаните. Кејот на реката е во катастрофална состојба. Одговорност за искршените бекатон плочки и пропаднати страни, треба да ги понесе градоначалникот и претпријатието кое со багери го демолираше кејот во буквална смисла на зборот. Постои голема опасност да падне некој минувач во вода или да се повреди од многуте дупки низ целото шеталиште, кое исто така во вечерните часови не е осветлено, а и се повеќе се присутни и кучињата скитници кои преставуваат голема опасност за минувачите. Низ целото речно корито е формирана депонија која шири непријатна миризба и ги брка граѓаните и спортистите. Опасноста тука не престанува, на кејот целата патека е прекриена со некосена трева и во топлите денови кои се пред нас постои опасност од појава на змии. Тревата никој не ја коси, се додека не се осуши сама по природен пат – вели Ивана Јакимовска, од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Јакимовска упати апел до градоначалникот да се посвети на потребите на граѓаните и да започне да ги решава нивните проблеми.


