„Ауди“ објави тизер видео со кое се најавува премиерата на новата генерација возила.
Иако акцентот во спотот е ставен на системот за делумен авто-пилот кој овозможува автономно возење во рамктие на возната лента во која се движи автомобилот, во услови на густ сообраќај, може да се воочи детал на кокпитот и дигитална инструментална табла, како и голем дисплеј на мултимедијален систем на врвот на централната конзола.
Освен тоа, во клипот накратко се гледаат и фаровите, како и дел од маската на ладилникот на новиот „А8“.
„Ауди А8“ за 2018 година ќе биде претставен на 11 јули на свеченост во Барселона, додека прв пат пред саемска публика ќе се појави во септември, на авто-салонот во Франкфурт.
https://youtu.be/XjIdKkW9dMg
Loading...