Јаре кое е родено без очи и со човечки уста и покрај тоа што мештаните на Беласирија во Индија го нарекле како проколнато, нашло свој сопственик кој ќе се грижи за него.
Фармерот познат под името В Чандра, признал дека бил во шок кога прв пат го здогледал животното. неговата сопруга била за тоа да го задржат иако локалците ги советувале да се решат од проколнатото јаре и да го пуштат да умре.
Состојбата во каква дошло на свет го спречувало да порасне и нормално да се развива. Ситуацијата ја влошил и фактот што мајката не можела да го дои, па на сцена морал да стапи парот.
Инаку, ова е ретка состојба веројатно појавена поради мутација на гените, изложеност на зрачење, хемикалии или вирус, пошува британскиот „Мирор“.
Loading...