Првин го лечела од алкохолизам, а потоа заедно почнале да пијат и оргијаат

Сподели со своите пријатели

Австралискиот психолог, Брук Леднер, лечела пациент од алкохолизам, но во еден случај ги пречекорила профеисоналните етички норми и влегла во сексуална врска со проблематичен пациент. Пригоа го вратила во алкохолните води со нивните сексуални игри.

Брук Леднер (31) добила забрана да се занимава со здравствени услуги на година дена откако признала дека имала непрофесионален однос со пациент во период од јуни 2014 до јануари 2015 година.

Тежината на нејзиниот непрофесионализам е уште поголем затоа што заедно се опивале до мерки на целосна интоксикација, аико знаела дека самата го лечела од последиците на неговата зависност од алкохол – било кажано на судот.

Таа притоа дури открила дека заедно пијани возеле автомобил и го правдала поранешниот пациент дека алкохолот го користел како начин да го протурка денот. Меѓутоа, пациентот на судот рекол дека се бљубил во својата лекарка која потоа ја презела контролата над него и дури во текот на расправиите изнесувала како аргументи детали од нивните сесии, поради што тој повторно започнал да пие и се изолирал од пријателите и семејството.

Пациентот бил во доста чувствителна состојба кога дошол во рехабилациониот центар за лечење од болести на зависност. Леднер го лечила, но со својата врска продолжиле и откако тој изглегол. Така нивната врска многу наштетила на пациентот во секој можен поглед – оценила лекарската комисија.

Австралиското здружение на спихолози навело дека по важечката професионална етика психологот не може да има емотивна, а посебно не психолошка врска со пациент, најмалку две години по нивниот професионален однос.

Судот утврдил дека Леднер била свесна за тежината на своите професионални престапи, па оцениле дека таа нема да ги пвотори сличните дела, поради што и дале само една година забрана да се занимава со својата работа.

 

Loading...