Со вештачка интелигенција „Фејсбук“ тргнува во војна со терористите

Сподели со своите пријатели

Со се посилниот притисок од странските влади во врска со тоа како се носат со терористичка пропаганда, „Фејсбук“ открива нови планови како сопомош на вештачка интелигенција ќе тргне вовојна против терористите.

Од најголемата социјална мрежа откриваат дека ќе користат нов софтвер кој вклучува препознавање на фотографии и јазик заедно со луѓето кои ја контролираат содржината за побргу и поточно ја откријат и отстранат.

Знаеме дека можеме да бидеме подобри во користењето на технологијата, посебно вештачката интелигенција, за да го спречиме ширењето на терористичка содржина на „Фејсбук“ – соопштуваат од компанијата.

Ова релативно нова примена на вештачката интелигенција веќе го менува начинот на држење на терористичката пропаганда подалеку од „Фејсбук“.

Сакаме „Фејсбук“ да биде непријателско место за терористите – додаваат од компанијата.

Слична технологија веќе секористи за да се блокира детска порнографија на соцлијаната мрежа, но и од другите сервиси. Во поголемиот дел од случаите „Фејсбук“ ја остранува содржината дури откако корисниците ќе ја пријават содржината.