Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес конференција обвини дека Куманово го има најруинираниот плоштад кој, според нив, претставува срам за локалната власт.
Распукани плочи, руинирани скали, испокршени клупи, отворени канализациони и одводни системи и по некоја помала дупка се одлика на кумановскиот плоштад. Немањето јавен тоаелт исто така е еден од битните проблеми на граѓаните и туристите. Приморани се да ги користат околните влезови на зградите пти што станарите се револтирани и загрижени за хигиената и нивното здравје – вели Валентина Јовановска од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Јовановска воедно обвинува дека локалната власт е оптеретена со висока политика и кадровски прегрупирања, па не го забележува овој проблем.
Како да не сака да ја види грдата слика за која се свесни граѓаните, а претставува последица од неодговорната и штетна политика на градоначалникот и СДС во Куманово. Би сакале да го прашаме градоначалникот дали поминува покрај плоштадот и зишто по речиси 12 години од неговото управување со градот се уште сме приморани да гледаме вакви срамни слики на централниот плоштад? – прашува Јовановска во името на ОК ВМРО- ДПМНЕ Куманово.

