Влезот кон населбата Перо Чичо доби нов асфалт (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Дел од луцата „Ѓорче Петров“ на потегот од булеварот „Октомвриска револуција“ на влезот на населбата Перо Чичо денеска доби нова асфалтна подлога на површина од 1.600 квадратни метри, дел од патот кој беше оштетен од екстремните зимски услови.

 

Loading...

 

 Увид на работите на терен денеска направи градоначалникот Зоран Дамјановски кој најави дека во наредните денови реконструкцијата ќе продолжи од реконструкцијата кај Ловачки базен до Митев Мост, дел кој исто така е оштетен.

Тој дел има некаде околу 2.000 квадратни метри, комплетно е снимен, ќе биде изваден целиот слој, саниран долниот слој, бидејќи тука имаме подземна инфраструктура, атмосферска и канализациона мрежа, две паралелни мрежи кои прават налегнување, тоа ќе биде наредниот проект кој го почнуваме сега од понеделник и овде почнуваме две улици тоа се „Руџер Бошковиќ“ и „Будимир Димковски“ кои се исто така во програмата. Минатата година стариот дел на Перо Чичо беше саниран останаа овие две улици кои имаат голема потреба, барање од граѓаните, ќе бидат отпочнати од понеделник и се надевам дека наредната недела ќе бидат завршени – вели Дамјановски.

 

Мостот на влезот на населбата Перо Чичо повторно ќе биде чистен од локалата самоуправа, а Дамјановски повторно упати апел до граѓаните да не фрлаат отпад на оваа локација.

Апелирам до граѓаните, до жителите на ова ннаселба да ја штитат животната средина, да бидат малку посовесни во однос на екологијата и да ја заштитиме животната средина – вели Дамјановски.

 

Улиците „Тоде Мендол“, „Тоде Думба“ и улицата „100“ во населбата Карпош исто така наскоро ќе добијат реконструкција. Тендерот веќе е распишан за површина од околу 20.000 метри квадратни.

Денеска имаме работна средба со изведувачот на ИПА проектот за канализациони системи, се договоривме „Среќко Пужљка“ од денеска се работи, се надевам дека од понеделник ќе поче и Перо Чичо, коцката ќе биде извадена, тоа ќе биде исто од Буџет на Општина Куманово, нивна санација ќе биде во висина и ширина на ископот на равото, така да со заеднички средства тие ќе се на тој дел, ние на останатиот, коцката ќе биде тргната и мислам дека за 15 дена ќе биде санирана „Среќко Пужаљка“, Гимназијата кон Карап маало, Перо Чичо, Перо Шварц и давам надеж за граѓаните, имаше голема реакција, многу време траеше приклучувањето на канализационата мрежа поради денивелации и мислам дека сме на финишот – вели Дамјановски.

Loading...

Наскоро се очекува да заврши и приклучувањето во канализацискиот систем на улицата „11 Октомври“ на влезот на градот, бидејќи и таму се создава метеж во сообраќајот, Дамјановски се надева на трпение од граѓаните и изрази надеж дека наредната недела ќе се асфалтира и тој дел од градот.