СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (28) и К.З. (24), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 26.05.2017 година во 13.00 часот, додека оштетените Д.А. (18) и еден 17-годишник оделе пеш во дворот на СОУ “Наце Буѓони“ во Куманово, пријавените без повод и причина физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и железен предмет во предело т на телото, при што им нанеле видливи телесни повреди.