Лекари на Итната медицинска помош во Ченстохов, југозападен град во Полска, останале без зборови кога стигнале да помогнат на една 40-годишна жена на која наводно во текот на ноќта и се слошило, а се покажало дека станува збор само за каснување од комарец.
Таа повикала Итна помош во ноќта измеѓу недела и понеделник и многу убедливо инсистирала лекарот итно да дојде затоа што се чувствувала лошо, а кога екипата на итната помош пристигнала, виделе дека не и е ништо, а жената најсериозно им го покажала каснувањето од комарец на раката.
Кога одбиле да се занимаваат со неа поради каснување од комарец, таа станала агресивна, инсистирала да и пружат помош, иако немала симптоми претила со смрт на екипата, а подоцна и на полицајците кои дошле да ја смират.
Во полициската станица се покажало дека во крвта има околу три промили алкохол, а каснувањето од комарец сигурно ќе го памети долго, затоа што поради нападот на екипата на Итна помош и на полицајците сега и се заканува затворска казна.

