Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужната половина од земјава на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот кон сабота. Минималните темепратури ќе се движат од 12 до 20 степени целзиусови, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 24 до 30 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со сончеви периоди, меѓутоа нема да имаме услови за дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе изнесува 24 степени. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до 14 степен, а тогаш се очекуваат и услови за грмежи и дожд.
Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови. Засилен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.