БРУТАЛНА КАЗНА: Се обидел да украде велосипед, па на чело му истетовирале дека е крадец (видео)

Сподели со своите пријатели

Полицијата од бразилскиот град Сао Бернардо до Кампо привела двајца мажи поради мачење на 17-годишно момче. Тие му ги истетовирале зборовите „јас сум крадец и губитник“ на челото, како казна затоа што се обидел да украде велосипед.

Ги прашав тоа да ми го истетовираат на рака, но рекоа дека тоа ќе го направат на моето чело и започнаа да се смеат. Ги молев да ми ги скршат рацете и нозете наместо тоа – рекло момчето во изјавата која ја пренесува „Раша тудеј“.

Семејството на момчето вели дека тој има психички проблеми и дека користи дрога.

Полицијата ги иднтификувала Мајкон Весли Карваљо дос Реис (27) и Ронилд Мореир де Арухоа (29) кога снимката од мачењето ја поставиле на една од социјалните мрежи. Тие исто така го ошишале тинејџерот кога тој се бодиел со коса да ја прекрие тетоважата. Двајцата го признале делото.

На интернет е покрената кампања за да се соберат пари за отстранување на тетоважата. Соберените средства исто така ќе ги користи и за плаќање адвокат, психолошко советување и лечење на неговата зависност од дрога.