„Тобако босот“ Бајруш Сејдиу од Куманово на државата и должи данок во вредност од нешто над 1,8 милиони евра.
Тој се наоѓа на листата должници која Управата за авни приходи ја објави, а каде се наоѓаат сите правни и физички лица кои должат големи суми пари на државата.
Сејдиу два пати беше осудуван и има вкупно 12 години затворска казна, за перење пари, насилство, фалсификување на цигари и злосторничко здружување, а во рамките на акциите кои ги реализираше Министерството за внатрешни работи „Пепел“ и „Пепел 2“.