Матурантите полагаа математика

Сподели со своите пријатели

Матурантите денеска го полагаат третиот предмет од државната матура, односно математиката кој е во рамките на екстерни предмети.

Од кумановските средни училишта потенцираат дека поголемиот дел од средношколците се одлучиле за странските јазици, но бројот на оние кои полагаат математика е на задоволително ниво.

Денес се полага математика како дел од државната матура екстерно тестирање полагаат вкупно 45 ученици, помалку во однос на англискиот јазик тоа се ученици кои што следат настава на македонски наставен јазик додека на албански јазик нема ученик кој ќе полага математика денеска да споменам дека денеска се тука и ученици од Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ кои во нашите простории исто така ќе полагаат математика – изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“.

За математика во „Наце Буѓони“ се пријавиле само 24 ученици, што е зголемување во однос на минатата година.

За математика се пријавија 22 ученици настава на македонски јазик и двајца со настава на албански јазик. Нашите ученици денеска полагаат во општинското средно училиште Перо Наков двајца од албанска настава полагаат во Сами Фрашери така е распоредот од ДИЦ направен со тоа ние денеска немаме ученици тука што полагаат.  Во однос на минатата година имаме зголемен број на ученици што полагаат математика тоа за нас на некој начин е добро затоа што уечниците увидуваат дека нивната перспектива е на технички факулетети а математика е приоритетне предмет на техниката што значи одиме во нагорна линија – изјави Лидија Михајловска, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“.

На 14ти јуни ќе бидат тестирањата по екстерните предмети естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис, по што остануваат само интерниот предмет кој треба да го спроведат самите ученици.