Момче од Куманово се бори за живот по сообраќајна несреќа
On:
Сподели со своите пријатели
Во сабота околу 18.45 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај м.в. „Мездра“, се случила сообраќајна незгода во која Н.Ц. (22) од Куманово, управувајќи мотоцикл „Сузуки“, не ја прилагодил брзината на движење кон условите на патот и излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била извршена хируршка интервенција на главата. Истиот е задржан на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.