Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните темепратури ќе се движат од 8 до 15 степени целзиусови, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 23 до 30 степени со висок коефициент на УВ зрачење кој ќе изнесува 9.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време со максимални 28 степени целзиусови, а ултравиолетовото зрачење ќе има висок коефициент со вредност 8.
И утре ќе се задржи стабилно и топло време. Во среда попладне повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и со поинтензивни процеси.