Голема акција за уредување на речното корито на „Кумановка“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во соработка со Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, „Кумановски акцијаши“ „Сојуз на волонтери акцијаши на Македонија“ и „Акцијаши Скопје“ од утринава од 8 часот ја започнаа големата акција за чистење и уредувањена речното корито на реката Кумановка.

Првиот заеднички проект „Еко Куманово“ минатата година за 42 дена беше спроведен успешно, па на годишнината денеска зпаочнува новата акција.

На годишнина на тој проект го започнуваме проектот „Зелено Куманово“ кој предвидува чистење на крајбрежјата на реките Липковка, Кумановка и делумно Којнарка што значи расчистување на крајбрежјето во ширина од два до три метри со учество на млади волонтери, пред се од Куманово, во подоцнежната фаза ќе се вклуат волонтерите од Скопје, Охрид, Србија, претежно Кикинда, Бела Црква, Смедерево Ниш, Белград и Краљево и волонтерите од Бреза, Босна и Херцеговина – изјави Јусуф Љатифи, претседател на Здруежние на граѓани „Кумановски акцијаши“.

Акцијата ќе се одвива на потегот од маркетот „Туш“ до Митев Мост, ацелта е поттикнување на еко свеста кај граѓаните како и директно влијание врз просторот на животната средина.

Локалната самоуправа одели средства за набавка на тримери, пили, чизми, вили и лопати и сега сме во преговори со една градежна фирма да ни помогне со механизација, камиони и транспорт и ЈП „Чистота“ исто така со својата механизација ќе биде присутна. Од мое име голема благодарност до куманвски акцијаши кои добија големи признанија и во другите држави на Балканот, а ја добија и наградата од Куманово, мислам дека ова е најдобар пример како невладината организација е грижа за чисто Куманово. Ја користам приликата уште еднаш да апелирам, колку ние да сакаме да го одржуваме ова, да правиме акции, совеста на граѓаните мора да биде во прв план, самите гледате колку има шут, отпад, органски неоргански материи фрлени вор ечното корито кои ја контаминираат водата и даваат лоша слика, а опасност и од инфекции и заразни болести. Не е само да се прават акции мора сите ние во Куманово да направиме се за да ја сочуваме нашата животна средина – изјави Дамјановски.

На „Кумановски акцијаши и Општина Куманово даваме поддршка на сите вакви акции и мислам дека ќе продолжат и понатаму затоа што е допринос за почиста животна средина и поубаво Куманово, сите акции од ваков тип и карактер ќе ги поддржуваме и нормално ќе учествуваме со сета своја механизација. Мислам дека ова е уште еден показател дека треба ние сите заедно да се грижиме за нашата средина, меѓутоа апел до сите граѓани во однос на хигиената и оние работи кои значат одржување хигиена, не е доволно само јавното претпријатие, само комуналните инспектори, туку грижата треба да биде на сите луѓе подеднакво – изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Од минатите акции во просек по 120 камиони смет биле вадени од кумановските реки, затоа надлежните сите со свои апели за зачувување на животната средина.

Но, акцијата ќе предвиди и уредување на Градскиот кеј, кој е во незавидна положба, за што градоначалникот Дамјановски ги обвини временските непогоди.

Кејот не се распаѓа, тоа е оштетување од поплавите и надојдени води од пред година дена, затоа го викнав изведувачот на работите за тековно одржување денеска да видиме првин машински да го обработиме кејот, а потоа ќе направиме напори да направиме санација на овој дел кој има оштетување и свлечување на самата ограда. Тоа се неколку дела, ние во неколку наврати изминатите 10 години интервениравме на овој објект, меѓутоа бидејќи овдека имаме многу излевања, знаете дека ова беше трусно подрачје, пред да дојдам 2005 година имаше 10 поплави наназад три години, така да со регулација на реката, поплавите се минато на Средорек и Бавчи, но овие големи водотеци прават оштетувања на речното корито и самата ограда – изјави градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Дамјановски најави реконструкција и на клупите, но и упати апел до граѓаните да не ги оштетуваат.

Повторно апелирам, ова е дел од немарноста на нас граѓаните, ние неколку пати интервениравме и ги правивме во изминатите пет години, сега имаме намера да нарпавиме реконструкција во летниот период, но да се насочиме за кејот, бидејќи тоа е примарна цел првин поради безбедност на шетачите, има многу трева, грмушки и може да се појават штеточини кои може да ги исплашат нашите граѓани – додаде Дамјановски.

Инаку оваа се први активности во рамките на проектот „Зелено Куманово„ кој вклучува уредување на речните корита на реки кои поминуваат низ општината, а акции кои ќе се спроведуваат скоро секој викенд.