Паланчанец се обидел со метална вила да ги нападне братот и снаата
On:
Сподели со своите пријатели
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А. (61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 26.05.2017 година во селото Киселица пријавениот, при вербална расправија и караница, со метална вила со дрвена рачка се обидел да го нападне неговиот брат А.А. и неговата сопруга.