Ѓубретар од фрлени книги направил светски позната библиотека (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
Еден Колумбиец, кој 20 години работел како ѓубретар, жив е доказ дека од смет може да се направи „богатство“. Тој возејќи камион за смет во Богота, собирал фрлени книги и во приземјето на својот дом отворил бесплатна библиотека.
Хосе Алберто Гутијерез (54) добил прекар „Господар на книгите“ затоа што во 1997 година собирал книги од граѓаните кои ги фрлале како смет.
Првата книга која ја земал од контернер, ниту повеќе, ниту помалку била „Ана Каренина“ од рускиот книжевник Лав Толстој. Подоцна дома донел примероци од „Малиот Принц“ и дела од најпознатиот колумбиски писател Габриел Гарсија Маркес.
Тоа се прочуло меѓу неговите соседи кои потоа позајмувале книги, било за себе или своите деца.
Тоа го поттикнало во 2000 година со својата сопруга да го преуреди приземјето на домот и да го претвори бо бесплатна библиотека наречена „Моќта на зборот“.