СВР Куманово со кривична пријава за сопственик на веб портал

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 16.11.2016 година пријавениот на својот веб портал под име админ, во рубрика „Македонија“ и подрубрика „Политика“ објавил статија и без согласност злоупотребил лични податоци на оштетениот: име, презиме, година на раѓање, каде е вработен, како и податоци од казнена евиденција.